Владата ќе ја одржи редовната 92-ра седница, и три тематски седници
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 92. седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за проектот за човечки капитал и изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Македонија, во соработка со Групација Светска банка.
Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница е и Информацијата за Оперативните насоки за мерка 27 – финансиска поддршка со креирање на мечинг фонд за претприемачи Роми.
На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде ставена и усвојување и 64. Предлог – програмата за дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2021 година.
Редовната 92. седница се очекува да започне во 13.30 часот, а пред нејзиното одржување ќе бидат одржани три тематски седници – тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ (во 12.00 часот), тематска седница за одбележување на 20-годишнина од Рамковниот договор (во 12.30 часот), и Тематска седница за процесот на институционална децентрализација (во 13.00 часот).
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење