Бизнис
10. April 2020 - 14:17

Владата ќе ги олесни околностите за минимална плата и кредити за угостителите и трговците

Владата ги расчисти дилемите со угостителите околу користењето на мерките  за ублажување на ударот од кризата за микро и малите претпријатија , ова се заклучоците од двочасовната средба меѓу министерката за финансии и угостителите.

Направени променi во уредбата за мерката плата 14.500 денари по вработен за мали и микро претпријатија со која се овозможува сопственикот и управителот ако се вработени во фирмата да можат да аплицираат за мерката. Исто така покрај овој услов беше променет и условот 2 месеци наместо 4, да се задржи истиот број на вработени по користење на истата.

Но,  конкретни предлози угостителите до министерката ќе испртатат во понеделник. Во вторник повторно треба да седнат на маса.

Свои барања имаат и трговците. А во зависност од ситуацијата допрво ќе излезат со нови барања.

Министерката за финансии не откри колкава ќе биде заштедата со скратените надоместоци на плати, бидејќи како што посочи зависело од секое министерство поедичечно.