Владата ќе бара кривична одговорност за несовесните газди
Владата денеска до Обвинителството ќе поднесе претставка кривично да одговараат газдите кои зеле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените. Покрај парична казна од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, им се заканува и затворска казна од 1 до 10 години. Дел од работодавачите исплашени од кривичните пријави, веќе си ја исполнија обврската кон работниците. Од 708 фирми, според последната листа на Владата, нивниот број сега се сведе на 366.
Компанијата која зела најголема помош од скоро 23 илјади евра за 2 месеци, Викторија Инвест Елбасан, се уште не им дала ни денар на работниците.
Се очекува да бидат објевени и листите на газдите кои не ја исплатиле платата во целост. Станува збор за 3,700 компании кои на над 53 илјади вработени им дале помалку од минималецот кој го добиле од државата.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право