Бизнис
20. May 2022 - 21:16

Владата го утврди ребалансот на Буџетот - ќе има ли нови мерки?

Усвоен ребалансот на буџетот. Но од Владата нема детали колку пари ќе се скратат, колку планираат да соберат во државната каса и од каде и колку ќе се задолжуваме. Дали ќе има нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните, ќе се знае од понеделник. Едно е сигурно – замрзнување на цените на основните прехрабнени производи нема да има.

Во финална фаза е и новиот модел за тарифирање на електричната енергија од 1 јули. Владата треба да донесе одлука по колкава цена ЕСМ ќе им продава струја на ЕВН хоме за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Измени во делот на евтината тарифа, нема да има.

- Таа ќе си остане од  22 до 7 часот. Ќе се интервенира само кај високата тарифа, додава Бектеши.

Со ребалансот на буџетот од владата велат дека се скратени непродуктивните трошоци, без да прецизираат колку. Но додаваат дека со тие пари ќе има помош за најранливите категории на граѓани, помош за ликвидност на компаниите и  оптимизирање на трошоиците за позајмување. Неофицијално, за оваа намена одвоени се 80 милиони евра.

Детали се најавени за утре.