Македонија
6. December 2022 - 16:39

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Службите ќе му го поништат државјанстото на украинскиот тајкун Олександар Онишченко. Ваква одлука е донесена на денешната владина седница и се задолжуваат службите да постапат веднаш.

Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија

Во меѓувреме МВР го завршија извештајот за аудио снимката која протече од затворената собраниска комисија. Истрагата била проширена но министерот не открива за што конкретно се работи. Детали не откриваат ниту од Собранието, а извештајот денеска пристигнал во скопското јавно обвинителство. За Сител велат, откако ќе биде разгледан ќе се распредели кај надлежен обвинител кој ќе постапува.

За државјанството на Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД,  четири македонски  институции дале зелено светло меѓу кои и Владата.За првиот човек на АНБ како клучна институција, вината за македонското државјанство на Онишченко била само кај еден вработен од Агенцијата кој ставил потпис без НАТО безбедносни проверки.