Видеозапис покажува експлозија во Северна Кореја
Видеозапис снимен од Кина покажува експлозија во Северна Кореја, објавија бројни медиуми денеска, додека еден од јужнокорејските медиуми објави дека имало истекување на природен гас што предизвикало смртоносна експлозија во понеделникот.
Западни емдиуми засега не ја потврдија автентичноста на видеото, кои беа добиени од АП и порталот „Дејли НК“ од Сеул, што се занимава со ситуацијата во Северна Кореја.
Други јужнокорејски медиуми, исто така, цитираат неименувани извори кои наведуваат дека имало неколку експлозии. Цитирајќи неименуван извор од Северна Кореја, Дејли НК денеска објави дека до 15 лица загинале во експлозија и пожар што следувал во градот Хисан во провинцијата Јангганг, во близина на границата со Кина.
Видеото прикажува пожар над врвовите на дрвјата, со звук на бројни експлозии.
Севернокорејските медиуми не го спомнаа инцидентот, а властите на Јужна Кореја соопштија дека засега не можат да ги потврдат извештаите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација