Loading Video...
Фудбал
26. November 2021 - 17:43

(ВИДЕО) Македонија против Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на СП во Катар 2022

Ждрепката што се одржа во Цирих, ниту малку не ни беше наклонета, па Македонија ќе речиси невозможна мисија да се пласира на Мундијалот. 
 
Актуелниот европски шампион  Италија ќе биде нашиот противник во полуфиналето од плејофот, што ќе се игра на теренот на противникот на 24 март следната година. 
 
Доколку нашите фудбалери успеат да го минат фаворитот, тогаш и во финалето би играле на гостински терен и тоа на 29 март со победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. 
 
Тоа е се двата пара кои ќе разигруваат во групата Ц, додека во останатите две групи во полуфиналето ќе играат. 
 
ГРУПА  А
ШКОТСКА –  УКРАИНА и ВЕЛС –  АВСТРИЈА
Финале во Велс или Австрија
 
ГРУПА  Б
РУСИЈА –  ПОЛСКА и ШВЕДСКА –  ЧЕШКА
Финале во Русија или Полска 
 
ГРУПА  Ц
ИТАЛИЈА –  МАКЕДОНИЈА и ПОРТУГАЛИЈА –  ТУРЦИЈА
Финале во Португалија или Турција 
 
Потсетување дека само победниците од секоја група ќе се пласираат на Мундијалот во Катар кое ќе биде првото во истотијата што нема да се игра во летниот период, а возбидувањата на Мундијалот ќе ќе бидат од  21 ноември до 18 декември.