Loading Video...
Спорт плус
10. October 2021 - 17:34

(ВИДЕО) Фјури го нокаутира Вајлдер и ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата

Британецот, Тајсон Фјури го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија во ВБЦ верзијата. 
 
Фјури во Лас Вегас со нокаут во 11-тата рунда го победи предизвикувачат Деонтеј Вајлдер и по втор пат беше подобар од американскиот боксер. 
 
Во спектакурарниот меч двајцата боксери имаа свои периоди, по кои противникот се наоѓаше во нок-даун, но очигледно дека Британецот беше физички подобро подготвен, па откако во претпоследната рунда го испрати на подот Американецот, судијата реши да го прекина мечот. 
 
Сега Фјури има 31-на победа во 32-те борби во својата кариера, а единствената која не ја доби беше нерешениот исход токму со Вајлдер пред три години