Македонија
27. January 2022 - 12:26

Вевчани во драстичен пораст на заразени со Ковид

Зголемен бројот на заболени од корона во Вевчани. Докторите велат дека од средината на јануари нагло има пораст на позитивни лица иако во овој регион 80 посто од населението е вакцинирано.За само 7 дена регистрирани биле 75 заразени лица од кои 20тина се лекуваат во дневната болница во Здравствениот дом во Вевчани.

Во соседните струшки села Лабуништа и Велешта состојбата е постабилна во овие предели критично било претходните месеци.

Во струшката модуларна болница пак моментално хоспитализирани се 11 лица од кои 6 на кислородна подршка поголемиот дел од заболените се на домашно лекување и се со полесна клиничка слика .Инаку само во текот на вчерашниот ден во градот беа регистрирани 26 нови позитивни на вирусот.