Кошарка
20. October 2017 - 11:00

Вестбрук со „трипл-дабл“ ја започна сезоната

 
 
 Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук уште во првиот свој натпревар во новата сезона оствари „трип-дабл“ учинок. 
 
Вестбрук кој минатата година беше прогласен за МВП (најкорисен играч) во првиот меч од новата сезона оствари учинок од 21 поени, 16 асистенции и 10 скока во победата на Оклахома над Њујорк со 105:81. Одлична деби во новиот тим имаа и Пол Џорџ кој имаше 28 поени, како и доскорешниот играч на „Никси“, Кармело Ентони кој постигна 22 поени.
 
 
Литванецот, Јонас Валанчиунас со „дабл-дабл“ од 23 поени и 15 скокови го предводеше Торонто во победата над Чикаго со 117-100. 
 
Градското дерби на Лос Анџелес го добија Клиперси кои со 108-92 ги совладаа Лејкерс. Петмина кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, но најмногу се истакнаа Блејк Грифин и ДеАндре Џордан кои имаа „дабл-дабл“ учинок. Грифин средбата ја заврши со 29 поени и 12 скокови, додека Џордан покрај 14 поени имаше и 24 скокови.