Loading Video...
Ракомет
31. March 2023 - 9:59

Веспрем и ГОГ го комплетираа списокот на четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Во ракометната лига на Шампиони комплетирани се двојките за четвртфиналето. 

Ова откако данската осминафинална пресметка ја доби екипата на ГОГ, која во реваншот од осминафиналето го победи големиот ривал Алборг со четири голови 32:24 и со тоа ја анулираа негативата од два гола од првиот дуел (28:30).

Веспрем со нова победа сега со пет разлика 38-33 потврди дека во моментов е многу подобар тим од унгарскиот ривал ПИК Сегед. 

Така, тимот на Веспрем за влез на завршниот фајнал-фор турнир ќе се бори со полскиот Киелце, додека ГОГ ќе има тешка задача во дуелот со актуелниот шампион Барселона. 

Другите два пара за четвртфиналето ги сочинуваа ПСЖ – Кил и Магдебург – Висла 

Првите натпревари ќе се играат на 10 и 11 мај,  а реванш дуели се седум дена подоцна (17 и 18.ма).

Победниците од четвртфиналето на 17 и 18.јуни ќе играат на „фајнл фор“ турнирот во Келн.