Loading Video...
Ф1
23. April 2022 - 17:43

Верстапен пред Леклер на стартот на утрешната трка во Ф1

Актуелниот шампион Макс Верстапен е победник на првата спринт трка во Ф1 шампионатот. 
 
Возачот на Ред Бул, денеска беше најбрз на патеката во Имола, па покрај осумте бодови ја освои и пол-позицијата за утрешната трка што ќе се вози за големата награда на Емилија Ромања.
 
Зад Холанѓанецот, денешната трка ја заврши Шарл Леклерк од Ферари, кој придодаде седум бодови на своето конто, а утре ќе започне од втората позиција. 
 
И од вториот стартен ред утре трката ќе ја почнат бодидите на Ред Бул и Ферари, со Перес и Саинц, а веднаш зад нив ќе бидат двата болиди на Мекларен, односно Норис и Рикардо.
 
Стартот на утрешната трка е во 15 часот.