Македонија
29. April 2016 - 18:13

Велес рекордер по вакцијнација 98 проценти реализина имунизација

Велес е лидер меѓу општините во државата според процентот на имунизација.. Од здравствениот дом велат дека дури 98 проценти од децата ги примаат предвидените вакцини.. Најголема реализација, здравствените власти забележале кај ХПВ вакцината..

Надлежните велат дека засилената антивакцинална капмања во државата, го намали бројот на вакцинирани деца во изминатите години.. Лекарите уверуваат дека во Македонија се употребуваат исклучително квалитетни вакцини кои не предизвикуваат компликации..

Инаку изминатава недела лекарите од Здравствениот дом во Велес реализираа теренска имнунизација.. Ги посетуваат семејствата во кои има деца што не ги примиле предвидените вакцини..