Loading Video...
Спорт плус
29. December 2021 - 18:35

Вечерва избор на Спортист на Македонија за 2021 година

Традиционално на крајот на календарската година се сублимираат постигнатите резултатот, па неизбежни се и годишните доделувања на наградите за најуспешните во спортот. Таква ќе биде и вечерашната, кога ќе бидат прогласени најдобрите за 2021 година
 
Во организација на Агенцијата за малди и спорт,  вечерва во Македонскиот народен театар од 20 часот, ќе бидат доделени признанијата за најуспешните во спортот за годинава што полека завршува. 
 
Во машката конкуренција кандидати за престиожносто признение се петмината спортисти. 
 
Капитенот на РК Вардар Стојанче Стоилов, пливачот Евгениј Поп-Ацев, бронзениот каратист од ЕП во Шпанија, Емил Павлов, како и олимпијците, Магомедгаџи Нуров кој освои бронза на СП во Казахстан, и таеквондистот Дејан Георгивески кој ја израдува македонската јавност со освојувањето на сребрениот олимписки медал од Токио. Доколку нема некои изненадувања повеќе од јасно е дека токлу Георгиевски ќе биде носител на признанието најдобар спортист на Макеоднија за 2021 година. 
 
Во женска конкуренција за признанието претендираат, олимпијката Поликсенија Јовановска која на претставуваше на карете турнирот во Токио, атлетичакрата Дрита Ислами и Ана Марија Ѓорѓиевска од таеквондото која се закити со балканската шампионска титула. 
 
Покрај овие ќе бидат доделени и други бројни признанија, за најдобрите млади спортисти, тренери - селектори, репрезентации, федерации, и најуспешен спортист на лице со инвалидитет.