Loading Video...
Ф1
7. May 2022 - 18:16

Вечерва (22 часот) квалификации за американското Гранд-при што прв пат се вози во Мајами

Американското Гранд-при, во Формула 1 шампионатот, за прв пат ќе се вози во Мајами. 
 
Во тек е втората тренинг сесија по која вечерва од 22 часот ќе се возат и квалификациите, кои треба да го одредат изгледаот на стартот на утрешната трка кој е закажана во терминот од 21 часот и 30 минути.
 
Во пресрет на оваа, инаку пета трка сезонава, лидер во Генералниот пласман е возачот на Ферари, Шарл Леклерк кој досега собра 86 бодови или  27 повеќе од актуелниот светски првак Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Токму овие двајца возачи се и главни претенденти за пол-позицијата, имајќи во предвид дека Леклерк старуваше прв на првите три, а Верстапен ја имаше поп-позицијата на последните две трки.