Loading Video...
Свет
30. November 2020 - 16:31

Вархеји ја поздрави одлуката на Србија да не го протера црногорскиот амбасадор од земјата

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ја поздрави одлуката на Србија да не го протера црногорскиот амбасадор од земјата. Преку Твитер порака Вархеји ја повика Подгорица да ја смени одлуката за протерување на  амбасадорот на Србија. Владимир Божович е прогласен за персона нон грата и од него е побарано да ја напушти Црна Гора поради како што тврди Подгорица континуирано мешање во внатрешните работи на земјата. Србија прво одлучи да возврати на ист начин но потоа ја повлече одлука  за протерување на црногорскиот амбасадор.

Американскиот фармацевтски гигант „Модерна“ побара одобрување за својата вакцина против Ковид-19 од американските и европските регулатори. Регулаторите во наредниот период ќе ги разгледаат податоците од тестирањето на вакцината, пред да одлучат дали е доволно безбедна и ефективна за да ја одобрат нејзината примена. Клиничките тестирања покажале дека вакцината на „Модерна“ обезбедува заштита од повеќе од 94%, што ја прави една од најефективните.

Доналд Трамп не сака да признае пораз на изборите и покрај тоа што секоја тужба поднесена од неговиот тим е отфрлена во судовите поради недостаток на докази за изборна измама. Во првото телевизиско интервју по изборите на 3 ноември, претседателот во заминување ги обивни судиите за кои рече дека не сакале ништо да преземат за откривање на изборната измама. Неговиот наследник продолжува да го составува својот тим. Наредните недели Бајден ќе се движи со помош на ортопедска чизма откако се здоби со скршеница на десната нога за време на играта со неговот миленик Мајор. Брзо опоравување му посака Трамп  на Бајден, гест што предизвика пријатно изненадување кај американците.