Loading Video...
Спорт плус
15. March 2021 - 16:01

Вардарки против Работнички атакуваат на 14-тата победа

Одбојкарките на Вардар кои се главни конкурентки за шампионскиот трофеј во го пречекуваат тимот на Работнички во последниот меч од 8.коло во плејофот односно втората фаза од разигрувањето. 
 
Црвено-црните ја имаат улогата на апсолутен фаворит бидејќи во досегашните 13 осиграни натпревари тие забележаа дури 12 победи. 
 
Вардарки имаа два бода предност во однос на второпласираната екипа на табелата Јанта Волеј Кисела Вода тим кој во оваа рунда забележа победа на гостински терен кај Универзитет во Тетово со максимални 3-0. 
 
Со ист резултат на гостински терен кај Наковски Волеј победа славеа и одбојкарките на Струмица кои се на 3.место на табелата со заостанување од 5 бодови во однос на водечкиот Вардар.