Loading Video...
Спорт плус
17. November 2020 - 14:11

Вардарци вечерва против словенечкиот Калцит Камник во 1/16.финалето на Челенџ Купот

 
Одбојкарите на Вардар се во Словенија каде вечерва и утре ќе ги одиграат двата натпревари од шеснаесетинафиналето во Челенџ Купот. 
 
Избраниците на тренерот Марјан Трајковски вчера го одработија и единствениот тренинг во спотската сала во Камник, пред дуелот со екипата на Калцит, која ќе ја има улогата на фаворит.  
 
Инаку овој двомеч требаше да се игра пред минатиот месец, но тогаш беше одложен на барање на словенечката екипа поради поголем број на нивни одбојкари позитивни на Ковид-19. 
 
Вечерашниот дуел меѓу Калцит и Вардар ќе започне од 20 часот, термин во кој утревечер ќе се игра реванш средбата, по која ќе се знае кој ќе биде противник на италијанскиот тим Алијанц Пауарволеј од Милано во осминафиналето од ова натпреварување.