Loading Video...
Ракомет
16. October 2020 - 12:14

Вардарци убедлив во дуелот против германскиот Флензбург

Ракометарите на Вардар ја остварија првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. 
 
Сеуште актуелниот европски првак Вардар по повеќенеделни одложувања на натпреварите конечно вчера го имаше својот втор настап во елитното натпреварување и тоа успешен 
 
Вардарци славеше триумф над германскиот Флензбург со 31:26 во меч од А група. 
 
Дуелот мина речиси во целосна контрола на резултатот од страна на избраниците на Стефче Алушовски па сосема заслужено на крајот се радуваа. 
 
Капитенот Стојанче Стоилов со осумте голови, за него рекордни во Лигата на шампионите, беше најефикасниот ракометар на Вардар, во чии редови Дисингер и Јотиќ постигнаа по четири гола, а Дибиров и Чупиќ по три гола.
 
Во другите натпревари од групата А , ПСЖ славеше убедливо против Елверум со 35-29, додека Порто со 25-19 го победи ПИК Сегед.