Loading Video...
Фудбал
13. September 2020 - 18:25

Вардар подобар од Шкупи со 1-0

Во ПМФЛ беа одиграни четири средби со кои е комплетирано 5.коло. 

 
Со голот на Матеј Цветановски постигнат во 52-минута екипата на Вардар забележа победа во дуелот против Шкупи со 1-0 во натпреварот од 5.коло. 
 
Минимална победа со 1-0 забележа и Работнички на гостувањето кај Ренова, додека Борец со 2-0 ја совлада екипата на Академија Пандев
 
Единствено немаше голови на средбата Пелистер - Македонија Ѓ.П. (0-0).
 
Потсетување дека вчера Струга ТЛ го победи Силекс со 2-0, а Шкендија славеше на гостувањето кај Беласица со 3-0. 
 
Сега Шкендија е лидер на табелата со 11 бодови, а по еден помалку имаат Силекс и Шкупи, додека четврто и петто рангираните Борец и Работнички собраа по 8 бодови.