Loading Video...
Ракомет
27. September 2021 - 10:54

Вардар нема време за славење, в среда гостува Алборг во дуел од ЛШ

Првото големо македонско ракометно дерби го добија шампионите, вардарци кои носени на крилјата на својата публика славеа со четири голови разлика на Еурофарм Пелистер. 
 
Вардар забележа победа со 29-25 над Еурофарм Пелистер во првото соочување во домашното првенство. 
 
Бројните грешки кои ги направија гостите од Битола, но и големата подршка кои вардарци ја имаат од трибините, се покажаа како клучни за овој триумф на црвено-црните. 
 
Вардарци нема да имаат многу време за радост бидејќи за два дена ги олекува нов голем предизвик. 
 
Во среда во меч од 3.коло на Лигата на шампионте, во СЦ „Јане Сандански“ гостува данскиот Алборг тим кој во првите два натпревари забележа убедливи победи над ППД Загреб на гости со 10 и на домашен терен против Монпеље кој го совлада со 8 голови разлика.