Loading Video...
Ракомет
3. August 2020 - 19:04

Вардар нема да настапи на турнирот во Кањижа, Алушвоски го направи последниот избор на играчи

 
 
Со оглед на тоа што турнирот во Кањижа е откажан, за вардарци останува само традиционалниот „Струшки ракометен турнир“ да биде единствената проверка црвено-црните пред стартот за новата сезона. 
 
Инаку денеска тренерот Стевче Алушовски се одлучи за составот со кој тимот ќе настапува во новата сезона, а во него ќе има вкупно 21 ракометар.
 
Во составот останаа само дел од помладите ракометари, а се работи за Марко Кизиќ, Давид Гашоски, Мартин Карапалевски и Давид Ставревски. 
 
Другите кои тренираа во досегашниот дел од подготовките ќе бидат отстапени на екипата на Работнички, тим кој практично ќе биде наследник на Вардар јуниор.
 
Вардарци новата сезона треба да ја започнат на 29 август кога во Скопје треба да гостува екипата на Нексе. Тоа практично ќе биде натпревар од претходната сезона и тоа реванш четвртфинален дуел во СЕХА од минатата сезона.
 
Потсетување дека на првиот меч Вардар победи со 31-30. Доколку вардарци ја сочуваат предноста од гостувањето во Нашице, тогаш бранителот на трофејот во СЕХА лигата ќе обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор турнир во Задар планиран за почетокот на септември.
 
 
Инаку изборот на Алушоски, односно составот со кој Вардар ќе игра во претстојната сезона е следниот:
 
ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ
 
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов, Глеб Калараш, Давид Гашоски, Патрик Валчак
 
КРИЛА: Димитар Димитриоски, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски, Иван Чупиќ
 
БЕКОВИ: Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Давид Ставревски, Ловро Јотиќ, Марко Мишевски