Loading Video...
Ракомет
14. May 2021 - 15:45

Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат за трофејот во Куп на Македонија

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. 
 
Вардарци во првиот полуфинален меч беа подобри од Металург со 27-22, додека Еурофарм Пелистер беше подобар од Бутел со 38-23.
 
Финалните натпревари од Купот на Македонија во двете конкуренции ќе се играат утре и тоа од 14:30 часот на програмата е женското, а машкото финале ќе започне од 17:30 часот.