Фудбал
10. July 2020 - 10:34

ВАР нема да се користи во натпреварите од групната фаза од Лигата на Европа следната сезона

ВАР технологијата нема да се користи во натпреварите од групната фаза од Лигата на Европа следната сезона, соопштија од УЕФА.

Според нив, таквата одлука е донесена поради неизвесности поврзана со моменталната состојба, но видео-технологијата ќе се користи на крајот на тековната сезона, како и во натпреварите од нокаут фазата на ова натпреварување следната сезона.