Loading Video...
Кошарка
11. August 2022 - 18:00

Утре во Скопје започнува ЕП за кошаркари до 16 години

од утре до 20 август во Скопје ќе се одржува Европското кадетско првенство за кошаркари до 16 години, на кое учествува и нашата млада селекција
 
 
 
 
Македонија односно Скопје вторпат летово е домаќин на едно Европско кошаркарско првенство. Во женското јуниорско сега ќе се игра машкото кадетско првенство и тоа дуелите од елитната А дивизија во која меѓу 16-те најдобри е и репрезентацијата на Македонија. 
 
Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ ќе настапуваат во групата Д во која редоследно од утре до недела ќе играат против врсниците од Црна Гора, Грција и Шпанија, а сите натпревари црвено-жолтите ќе ги играат во терминот од 18:45 часот.
ТОНСКИ
 
Потсетување дека без разлика на пласманот сите селекции ќе продолжат во нокаут рундата (1/8 финале), а нашата репрезентација би вкрстија со селекција од Ц групата во која се: Италија, Турција, Летонија и Полска.