Македонија
28. October 2020 - 12:07

Утре седница на Советот за безбедност во врска со пандемијата

Утре, 29 октомври 2020 година, четврток, со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.