Македонија
26. September 2021 - 16:31

Утре почнува изборната кампања, кој од каде трга во лов на гласови?

СДСМ од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Беса во Скопје. Политичките партии од утре ја стартуваат предизборната кампања за 7-мите по ред локални избори чиј прв круг е закажан на 17-ти, а вториот на 31 октомври.

Партиите од македнискиот и албанскиот политички блок ветуваат фер и демократски изборен процес, со целосно почитиување на пропишаните протоколи. Партиите велат здравјето на граѓаните ќе биде приоритет.

Според статистиката на ДИК, во трка од утре влегуваат близу 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје.

ВМРО ДПМНЕ на овие локални избори оди со 62 кандидати, СДСМ пред граѓаните ќе се претстави со 68 кандидати, ДУИ во 19 општини, Алијанса и Алтернатива со 15 кандидатури, а како независни поддржани од група граѓани одат 26 кандидати.

Според избирачкиот список кој ДИК го затвори во петокот право на глас на овие избори имаат 1 824 864 граѓани.

На овие избори за прв пат идентитетот на граѓаните ќе се утврдува преку терминали за читање отпечаток од прст.