Loading Video...
Ракомет
15. јуни 2020 - 18:44

Утре македонските ракометари ќе ги дознаат противниците за ЕП 2022

Утре нашата машка репрезентација ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство во 2022
 
Ждрепката која е закажана за утре од 17 часот во Виена, нашата ракометна репрезентација ја очекува од вториот барабан во кој се уште и селекциите на: Србија, Русија, Црна Гора, Португалија, Австрија, Белорусија и Холандија кои сигурно неможе да бидат наши противници. 
 
Според календарот натпреварите треба да се играат во три прозорци почнувајќи од ноември месец годинава, па во март два меча, односно последните два во април и мај следната година. 
 
Во конкуренција на четири репрезентации, Македонија треба да биде меѓу двете првопласирани за сигурно да обезбеди пласман на завршницата на Европскиот шампионат, на кој место ќе има и за четири најдобро рангирани селекции кои ќе завршат на третата позиција.