Македонија
14. March 2018 - 10:02

Утре истекува рокот за поднесување годишни сметки до Централниот регистар

Утре истекува рокот на самостојните вршители на дејност за поднесување годишни сметки во хартиена и електронска форма до Централниот регистар.

Согласно Законот за трговски друштва утре истекува рокот на сујбјектите кои водат сметководство за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи во електронска форма до Централниот регистар.

За прием на годишните сметки во хартиена форма за самостјните вршители на дејност утре Централниот регистар ќе работи од седум до 21 часот. Регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виниа, Берово и Делчево ќе вршат прием од осум до 16 часот, а во градовите каде Централниот регистар нема канцеларии приемот на годишните сметки ќе се врши од осум до 16 часот и тоа во кратово во просториите на Општина Кратово, во Крушево во просториите на УНИ банка и во Демир Хисар во Општината.