Македонија
1. December 2022 - 16:39

Утре блокада на дел од Илинденска со 200 автобуси на приватните превозници

Скопје се позивесно е дека ќе биде под целосна блокада откако Град Скопје им го раскина договорот на приватните превозници и не остави простор за преговори. 

Војната меѓу приватните превозници и Град Скопје ескалира и оди на штета на скопјани. Откако „Слобода превоз“ најави блокади поради неисплатениот долг кон нив и обвинувањата за криминал, Град Скопје го раскина договорот со нив. 

Во сендвичот на кавгата недолжни ќе трпат граѓаните кои од утре нема да можат да пристигнат ниту на своите работни места, ниту до болница, а учениците ќе доцнат на часови. Бранејќи ја својата страна Град Скопје го раскина договорот бидејќи приватните автобуси повеќе од два дена во континиутет не превезувале патници што било спротивно на договорот и најавија нов јавен повик за ангажирање на приватни превозници. 

Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми. Градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во моментов има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.

По ова „Слобода превоз“ најави тужба до Град Скопје, а во однос на блокадите појаснуаат дека се најава од сите приватни превозници по нивна одлука.

– Протестите и блокадите се од страна на сите приватни превозници, кои се учесници во јавниот линиски превоз во Град Скопје, тоа се оние на кои ЈСП им должи пари, а Градот ги исклучува од превозот одземајќи им ги стекнатите права преку кои остваруваа приходи за егзистенција, се вели во соопштението од „Слобода превоз“.

Приватните автобуси утре ќе го блокираат главниот град. Од Влада до крстосницата кај СРЦ Борис Трајковски ќе затворат една лента од булеварот Илинденска и над 200 автобуси ќе бидат паркирани на пред Град Скопје. Уште порадикални блокади најавуваат во следните денови, кога ќе го попречат сообраќајот на сите клучни крстосници.