Македонија
16. September 2021 - 21:17

Уставниот суд се соочува со многу проблеми - најголем проблем политичкото влијание

Неизвршување на одлуките, предолги седници, изземање на судии... Ова се само дел од слабостите во работата на Уставниот суд, презентирани на завршната конференција посветена на искуствата и перспективите на оваа институција.

Потребни се интервенции во самиот Устав со цел поголема заштита на човековите права, но како еден од поголемите проблеми во работата на Уставен се покажува мешањето на политиката и отсуството на независност при носењето на одлуките, вели поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права Николовска.

„За жал, голема независност по одредени предмети не покажа Уставниот суд. Мислам дека треба во оваа насока да се корегираат. Политика има секаде во животот, меѓутоа не ваква политика во насока на вршење на пресија. Сепак тоа се уставни судии, тоа се судии кои го штитат највисокиот акт”

Анализата покажала дека Уставен сам донел одлука за исплата на надоместоци и покрај постоечкиот Закон за плати, а една од препораките е веднаш да се пристапи кон избор на судии, со кои би се овозможила плуралноста во дебатата при носењето на одлуките.

Судот би можел да биде и поажурен. По некои предмети се работело многу бргу, додека некои се чуваат во фиока. Сето ова може да повлече одговорност на судиите која може да доведе и до кривична постапка предупредува, предупредува Николовска.

Согледувањата од проектот за работата на Уставниот суд се преточени во заклучоци, по кои се проследени препораките за негова поефикасна работа.