Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.
Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.
Според судијата Насер Ајдари, Уставниот суд не може да се впушти во анализа на постапката за разрешувањето и примената на одредбите од Деловникот на Собранието а со тоа и во оценка на основаноста на наводите истакнати во иницијативите и мериторно да одлучува.
Судијата Осман Кадриу на седницата кажа дека овие прашања по својата природа се можне чувствителни, се политизираат и проблематизираат во јавноста и затоа Уставниот суд е најповикан орган да изрази мислење.
– Актот на Собранието е индивидуален правен акт со кој се решаваат конкретни статусни прашања. При вакви акти кога се ценат од аспект на уставна контрола се индивидуални акти и не подлежат на уставно-судска контрола, рече Кадриу.
Политичката партија „Левица“ ја поднесе иницијативата до Уставниот суд на 25 март годинава, после разрешувањето на Зендели од Комисијата.
Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.
Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.
Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност