Македонија
1. October 2020 - 15:22

Уште едно дете од градинка во Аеродром позитивно на КОВИД-19

Уште едно дете кое го посетувало клонот “Чекорче” на градинката “Срничка” во Аеродром е позитивно на Ковид-19, потврдија од министерството за труд и социјала. Од таму информираат дека детето било згрижено во друга група, и немало контакт со заболените брат и сестра кои оделе во истата градинка. 
Денеска е коронавирус е потвреден кај уште вработен како техничко лице во градинка во Куманово, но од министерството тврдат дека немал контакт со децата и воспитувачките.
 
 
Александар Динев