Македонија
11. јуни 2021 - 20:02

Уште една трансплантација на срце на Државната кардиохирургија

Во добра здравствена состојба се тројцата пациенти кои добија органи од 44 годишната пациентка која починала од мозочен удар. Сепак, Министерот за здравство вели дека првите неколку денови по трансплантацијата се критични.

Медицински тим од стотина лица учествувал во трансплантацијата на органите од починатата пацинетка. Националниот координатор очекува во иднина процесот на органодарување да се прошири и со трансплантација на црн дроб.

Од државната кардиохирургија велат дека пациентот кој доби срце претходно бил во исклучително тешка состојба. Трансплантацијата била единствена можност да се спаси неговиот живот.

Претходната година се направени пет трансплантации од пациенти во клиничка смрт. Четири лица добија срце, а 10мина бубрег.