Свет
24. July 2016 - 10:44

Уште еден напад: Бомбаш-самоубиец влетал во маса луѓе и направил масакр!

Во самоубиствен напад на контролен пункт во северен Багдад утрово се убиени најмалку 12 луѓе, јавуваат ирачки официјални лица.
 
Според официјален преставник на полицијата, бомбашот самоубиец кој идел пеш го активирал експлозивот на еден од влезовите во шиитската населба Кадимија, а загинати се 10 цивили и двајца полицајци, додека 20 лица се повредени.
 
Медицински извори го потврдиле бројот на загинати.
 
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако потсетува на екстремистичката група Исламска држава. нивната најчеста мета се безбедносните сили и јавните места.