Македонија
4. August 2021 - 21:16

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат прогласување на кризна состојба на целатат теритпорија во времетрање од триесет дена.  

Ова било одличено на денешната седница на управувачкиот  комитет составен од директорите од полето на безбедноста , заменик началникот на генералштабот на Армијата и советникот за национална безбедност од кабинетот на престедателот.  Проценката на управувачкиот комитет се темели врз зголемениот обем на огнената стихија како и зголемениот ризик за граганите.

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со  алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Во овој момент  вп земјава се активни 10 пожари од кои неколку се исклучително сериозни, а другите се од средна категорија. За предлогот утре треба да се одлучува на владина седница.