Loading Video...
Балкан
7. August 2022 - 16:27

Уништен е тахографот на полскиот автобус кој излета од автопатот А4 кај Загреб

Уништен е тахографот на полскиот автобус кој вчера излета од автопатот А4 кај Загреб, при што загинаа 12 лица. Поради тоа, не е можно да се утврди со која брзина возел автобусот во моментот на несреќата. Во тахографот имало две дигитални картички кои припаѓале на двајцата возачи задолжени за патувањето. Според податоците од картичките, двајцата возачи до моментот на сообраќајната незгода немале сторени прекршоци.

За утврдување на начинот и причината за незгодата, државното правобранителство наредило обдукција на починатите лица, вештачење за присуство на алкохол кај возачот на автобусот и спроведување на други потребни истраги и доказни дејствија.

 Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на денешната прес конференција изјави дека истрагата на местото на несреќата е завршена и автобусот е пренесен на безбедна локација.