Македонија
15. November 2019 - 17:09

Улицата Максим Горки останаа без јапонските цреши

Додека скопјани се гушат од загаден воздух, Цел дрворед со јапонска цреша утрово беше исечен на улицата Максим Горки. Без најава под изговор дека дрвата биле исушени, градските власти оставија само трупци од црешите. Овие дрвја беа симбол на градот и ја разубавуваа улицата со големите розеникави цветови.

Од градот тврдат дека дрвјата биле болни, суви и без можност да бидат спасени. Претставувале опасност за минувачите и по барање на општина Центар, екипите од паркови и зеленило извршиле сеча. 14 јапонски цреши се исечени од едната страна на улицата. 

„ Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во којашто се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите и имотот на граѓаните.

На нивно место, 18 нови јапонски цреши ќе бидат засадени во понеделник тврдат градските власти.

Опозицијата обвинува за најмасовна и  брутална сеча на дрвја.

- Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија.Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници.

Освен јапонски цреши и  на пешачката зона кај сквер Јадран се исечени уште неколку дрвја. Не се знае дали и тие биле  дел од листата болни стебла .  Ваквиот потег на градските власти предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.