Loading Video...
Свет
16. May 2022 - 19:41

Украина тврди: Нашите војници ги потиснаа руските сили од Харков до самата гранична линија

Украинските трупи кои вршат контранапади во близина на североисточниот град Харков стигнаа до руската граница, изјави регионалниот гувернер. Војниците го вратија украинскиот знак што ја означува границата, вели Олех Синегубов, додека видеото наводно покажува војници на границата.Тврдењето сеуште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно. Според украинските власти , непријателот сега се префррла во правец на Донбас и ќе ги интензивира нападите во областа деновиве. Руското министерство за одбрана   информираше дека уништиле три  украински бобени авиони  во текот на измината ноќ , но и  обвини дека украинската војска разместила тешко наоружување  во училишта во  прорускаата самопрогласена   народна република Доњецк во источна Украина.  Москва сеуште не сака да признае дека  нивната ткн спрецијлна операција веќе доживеа  неуспех рече украиснкиот лидер, додека првиот човек на НАТО  истакна дека Украина може да победи во оваа војна  а Алијансата мора да продолжи да му нуди воена поддршка на Киев.

„Руската војна во украина не оди според планот на Москва. тие не успеаа да го освојат Киев. се повлекуваат од околината на Харков. нивната голема офанзива во Донбас е запрена. Русија не ги остварува своите стратешки цели. Украина може да победи во оваа војна. Украинците храбро ја бранат својата татковина“ – изјави Столтенберг.

Утрово повеќе од 100 основни и средни училишта во Белград добиле извештаи за поставени бомби, соопшти министерството за образование на Србија. По детална проверка на екипи на МВР во училиштата,  било утврдено дека пријавите се лажни.  Исто така дојави  за подметната  бомба примија и белградскиот деловен центар  и аеродромот Константин Велики во Ниш, кои по проверките е утврдено дека се лажни. Интензивно се работи на откривање  кој стои зад лажните дојави за бомби соопштија српските власти.

Состојбата со ковид 19 во Северна Кореја драматично се влошува. Лидерот Ким Џонг Ун и нареди на војската да ја стабилизра диструбуцијата лекови во главниот град Пјонгјан, каде што за само неколку дена се приајвени околу милиони случаи на кронавирусот. Земјата ги објави своите први потврдени случаи на корона  мината недела и досега од заразата починале 50 луѓе а над 1,2 милиони се заболени.