Македонија
20. January 2021 - 12:45

Украдени решетки од сливници и капаци од шахти во Скопје, случајот пријавен во полиција

Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден“ и „8-ми Септември“ и улицата „Карпошево Востание“ во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје случајот е пријавен, а украдените ќе бидат заменети со нови во најбрз можен рок.

Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош.

– Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, се додава во соопштението на јавното претпријатие испратено до јавноста.