Македонија
4. October 2022 - 16:43

Украдена и бистата на Невена Ѓеоргиева - Дуња, борците бараат сериозен однос од државата

Бистите на Вапцаров и Неделковски од градскиот парк, не се единствените кои изминатиот викенд се украдени во Скопје. Во саботата ноќта исчезнала и спомен бистата на Невена Ѓорѓиева-Дуња од училишниот двор во Кисела Вода.

„Причините и мотивите за направената кражба не ги знаеме. Можно е да се само од криминални мотиви, но можно е случајот да има и политичка заднина, знаејќи ја улогата на Дуња во Народоноослободителната борба“, изјави Наталија Делева, Директор на ООУ Невена Ѓорѓиева – Дуња.

Кражбата на бисти на тројца народни херои ја осуди во Сојузот на борци.. Бараат итно откривање на сторителите и посочуваат дека државата има обврска да ги заштити спомен обележјата на личностите кои го дале својот живот за независност.

„Државата е должна тоа да го направи. Државата е базирана на тие жртви. Не паѓа од небо држава. За држава треба да се избориш, ние се изборивме и сега треба сите заедно да работиме за државата која сме ја створиле“, изјави Никола Стојановски, Претседател на Сојуз на Борци од НОБ.

Бистата на Дуња е вторпат мета на крадците.. Постамементот останал празен и во 2019та година, па бил излиен нов споменик на првата жена-партизан.