Македонија
24. February 2021 - 20:05

Угостителите ги поставија масите и го седнаа Битиќи на преговори пред Влада

Дали и на кој начин ќе работат рестораните за свадби решение ќе се бара од утре натаму. Пазарните инспектори, угостителите и претставници од Владата на заедничка средба  ќе бараат начин да се избрише спорниот член од Уредбата со која се забранува организирање на секаков вид на настани во овие угостителски објекти. На тој начин свадби и други прослави  ќе има, но без музика со скратено работно време и под исти протоколи како рестораните што сега работат.

За ова на денешниот протест пред Владата угостителите се договорија со вицепремиерот Битиќи.

Угостителите побараа поголема финансиска помош и безусловна поддршка за плати. Битиќи им одговори дека државата како досега и натаму ќе им помага. Го повтори ставот дека Комисијата за заразни болести е таа која одлучува кога ќе почнат со работа, рече Перица Голомеиќ. 

Протестите засега се ставени во мирување.

Ова е трет протест на угостителите на кој им се приклучија и другите поврзани дејности, рече Битиќи.