Македонија
17. May 2022 - 16:31

Убиен авганистански мигрант кај Гевгелија

Мигрант пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија. Според првичните информации се работи за државјанин на Aвганистан на возраст од 24 години. Причината за смртта за сега не е позната, но од извршениот преглед е констатирано дека  починатото лице има убодна рана со остар предмет. За време на увидот кај него се пронајдени и лични документи.

Од гевгелиското обвинителство не соопштуваат многу детали, само информираа дека работат на  расчистување на случајот. Телото веќе било предадено на обдукција а вршеле и интензивни разговори со лицата кои биле во групата заедно со починатото лице. Дополнително ќе се утврдува и валидноста на пронајдените документи за да се утврди дали идентитетот е вистински или пак се работи за фалсификати со кои мигрантите многу често патуваат.