Фудбал
26. February 2017 - 17:21

Убедлива победа на Тотенхем против Стоук

 
 
 Фудбалерите на Тотенхем остварија убедлива победа со против Стоук во натпревар од 26.коло на англиската Премиер лига. 
 
На средбата одиграна попладнево во Лондон, тимот на Тотенхем славеше триумф со 4-0, со три гола на Хари Кин (14, 32 и 37,минута), а еден постигна Деле Али (45). 
 
Со освоените три бодови, Тотенхем се проби на второто место на табелата со дури десет помалку од лидерот Челзи, а еден повеќе од Манчестер Сити. 
 
Ова беше единствениот натпревар денеска во Премиер лигата, поради финалниот меч од Лига  ЕАФ Купот кој ќе се игра попладнево од 17.30 часот на „Вембли“, а во кој за трофејот ќе се борат Сандерленд и Манчестер Јунајтед.
 
На натпреварите од ова коло одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Челзи – Свонси 3-1, Кристал Палас – Мидлсборо 1-0, Евертон – Сандерленд 2-0, Хал – Барнли 1-1, ВБА – Бурнемут 2-1 и Ватфорд - Вест Хем 1-1. 
 
Утре ќе играат актуелниот шампион Лестер и Ливерпул. 
 
Табела: Челзи 63 бода, Тотенхем 53, Манчестер Сити 52, Арсенал 50, Ливерпул 49, Манчестер Јунајтед 48,...