Кошарка
20. October 2017 - 9:03

Убедлива победа на Реал Мадрид во дуелот против ЦСКА Москва

 
 Екипата на Реал Мадрид забележа убедлива победа во дуелот против московска ЦСКА во кошаркарската Евролига. 
 
На мечот од 3.коло одигран во Мадрид, шпанскиот тим средбата ја заврши со 12 резлизирани „тројки„ за на крајот да оствари победа со конечни 82-69. 
 
 
На останатите три натпревари. 
 
Макаби во Тел Авив ја победи Басконија 74-68. Предноста на домашниот терен ја искористи и Панатинаикос кој со 93-83 го совлада Бамберг. 
 
Актуелниот европски шампион Фенербахче славеше на гостувањето во Милано кај Армани дури по продолжение со 92-86. Македонскиот репрезентативец Џордан Теодор средбата ја заврши со 15 поени и 7 асистенции. 
 
 
Денеска на програмата се останатите четири натпревари, а во нив ќе играат: Црвена звезда – Барселона, Химки – Жалгирис, Олимпијакос – Уникаха и Валенсија - Анадолу Ефес.