Loading Video...
Фудбал
20. November 2021 - 18:11

Убедлива победа на Челзи на гостувањето кај Лестер

Екипата на Челзи забележа победа на гостувањето кај Лестер со 3-0 во воведниот натпревар од 12.коло на Премиер лигата. 
 
Во првиот дел гостите направија предност од два гола со погодоците на Рудигер со 14-тата и Канте во 28-минута. 
 
Третиот гол за Челзи го постигна Американецот, Пулишиќ на девет минути пред крајот (81.минута). 
 
Челзи е лидер на табелата со 29 бодови сега шест повеќе од Манчестер Сити и Вест Хем.