Loading Video...
Ракомет
28. February 2021 - 16:09

Убедлив триумф на Еурофарм Пелистер, но и убедлив пораз на Вардар во СЕХА лигата

Дијаметрално спротивни резултати забележаа македонските претставници во регионалната  ракометна СЕХА лига
 
Во рамките од А групата во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлив триумф над  словачкиот претставник Татран Прешов со убедливо 12 голови разлика 28-16.  Целата работа битолчани ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 17-9.
 
За Пелистер ова беше трет меч со СЕХА конкуренцијата во која ја оствари втората победа. 
 
Затоа пак вардарци кои стартуваа со две победи над Војводина и Нексе на домашен терен, се поразени на првото гостување и тоа во Украина. 
 
Вардар претрпе убедлив пораз од Морот Запорожје со 30-27 и тоа пред се поради лошата игра во првиот дел кој црвено-црните го загубија со 16-9. 
 
И во двата ракометни табори нема да имаат многу време за одмор бидејќи ги очекуваат нови натпревари. 
 
Пелистерци веќе во вторник (02.март– 20:45часот) му гостуваат на тимот на Кадетен Шафхаузен во дуел од последното 10.коло во групната фаза во Европската лига. 
 
Во четврток (04.март – 18:45 часот) Вардар на домашен терен го пречекува составот на Мешков Брест во натпревар од 14-тата рунда на Лигата на шампионите.