Loading Video...
Свет
28. November 2022 - 12:18

Уапсени две лица за време на протестите во Шангај против анти-ковид мерките

Градските власти во Шангај и Пекинг утрово поставија заштитини огради во очекување да се повторат сииноќешните протести на граѓаните на овие два града предизвикани од строгите анти ковид рестрикции во Кина. Кинеските граѓани протестираа против ограничувањата воведени на целата територија на Кина кое има за цел да го искорени вирусот кој заразува рекордни бројки три години откако се појави во централниот град Вухан. 

Политиката нулта ковид го задржа официјалниот број на починати во Кина кој се брои во илјадници наспроти повеќе од 1 милион во САД, но резултираше со огромна штета на втората по моќ економија во светот.   

Британските медиуми, пак, пишуваат и дека за време на протестите кинеската полиција претепала и привела новинар на Би-Би-Си кој известувал за протестите во Шангај. Во соопштението се наведува дека новинарот по неколку часа бил пуштен на слобода. Кинеските медиуми, пак, воопшто не објавуваат информации за протестите туку бараат од граѓаните да ги почитуваат строгите мерки.