Македонија
1. April 2020 - 10:44

Уапсени двајца тетовчани поради поседување на дрога

Вчера околу 14.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Љ.(39) од Тетово и  Т.Р.(44) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив се пронајдени хероин,дигитална вага и алуминиумска цевка со остатоци од хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.