Свет
30. October 2020 - 9:28

Уапсен маж кој е поврзан со напаѓачот од Ница

 Маж на возраст од 47 години е уапсен денеска поради сомнеж дека бил поврзан со напаѓачот кој вчера уби тројца, а повреди неколку луѓе, во Ница, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Мажот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот.

Напаѓачот со потекло од Тунис, за кого е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, вчера изврши убиство врз три лица, извикувајќи „Алаху акбар“.